Македонија
4. March 2016 - 16:24

Во филмска бркотница на патот Скопје - Гевгелија еве што откри полицијата

Вчера во 13.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај тунелите Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на автомобил марка “БМВ“ со скопски регистарски ознаки, но на даден знак, возачот не застанал и продолжил со движењето. Полициските службеници успеале да го пресретнат возилото во близина на села Криволак.  Во возилото биле пронајдени 13 мигранти од Пакистан, а на околу 1000 метри од возилото бил фатен и возачот А.Ф. (26) од село Блаце, скопско. За настанот било запознаено Јавното обвинителство, кое наредило на македонскиот државјанин да му биде поднесена кривична пријава, а мигрантите да бидат сместени во Прифатен центар за странци.