Балкан
1. March 2017 - 13:32

Во февруари значително намален бројот на нови бегалци и мигранти во Грција

Бројот на мигранти и бегалци кои пристигнале на грчките острови во февруари годинава е значително намален, додека во последните 24 часа повторно не е регистриран ниту еден нов бегалец.

Според официјални податоци, во февруари вкупно пристигнале 699 лица, од кои 252 на Лезбос, 275 на Хиос и 172 на Самос. Во јануари биле регистрирани 1.012 нови бегалци и мигранти.

Грчката полиција соопшти дека падот на овие бројки имал позитивен ефект на бројот на заглавени мигранти и бегалци кои бараат азил во Грција. Вкупниот број на лица сместени во кампови во февруари достигнал 9.209, додека на 31 јануари тој број изнесувал 10.123, а на 1 јануари 11.078 бегалци и мигранти.