Бизнис
25. April 2016 - 13:04

Во февруари 70,8 проценти од потрошената струја од домашни извори

Македонија  во февруари годинава  потрошила 645.803 мегават часови електрична енергија, 13.346 милиони нормални  метри кубни природен гас, 586.357 тони јаглен и 62.471 тон нафтени продукти. 

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во февруари 70,8 проценти од потрошената струја е од домашно производство, а 98,8 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.