Во февраури издадени 335 одобренија за градење
Во февруари годинава се издадени 335 одобренија за градење што е за 48,2 процента повеќе во однос на февруари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.872.239.000 денари, што е за 228,3 проценти повеќе споредено со феврури минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 197 (58,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11,6 проценти) за објекти од нискоградба и 99 (29,6 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 335 објекти, на 198 (59,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 137 (40,9 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 848 станови со вкупна корисна површина од 66.209 метри квадратни.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто