Во езеро во Флорида пронајдени остатоци од тело на маж кој се водел за исчезнат 23 години со помош на Гугл мапс
Вилијам Молд исчезнал во ноември 1997 година. Последниот повик го упатил кон девојката, додека тој поминувал време во градот. Тој рекол дека наскоро оди домa.
Повеќе од 20 години полицијата и семејството се обидувале да утврдат што се случило.
Целата заедница се вклучила во потрагата, но без успех.
Сосема неочекувано, апликацијата „Гугл мапс“ и љубопитниот корисник Џери Нуман од Палм Бич помогнале во решавањето на мистеријата.
Анализирајќи ги автобуските линии преку алатката Гугл, Нуман ги открил контурите на автомобили на дното на езерото во Велингтон (Флорида).
Тој веднаш ја контактирал својата поранешна девојка Ерика, која живее во близина, и заедно ја започнале истрагата, пренесува VICE.
Дури и во најлудите размислувања, тие не очекувале дека тоа ќе помогне да се реши трагичната мистерија.
Тие повикале полиција, која го извадила остатокот од водата. Во кабината имало коски и човечки остатоци.
Обдукцијата утврдила дека станува збор за Вилијам Молд. Се верува дека тој изгубил контрола над својот автомобил кобната ноќ и влетал во езерото.
Деталите за оваа неверојатна приказна ќе ги дознаете на следното видео, директно од актерот Џери Нуман.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори