Свет
29. September 2015 - 17:59

Во Европа досега пристигнале над 500.000 мигранти преку Медитеранот

 Европските земји треба  повеќе да се ангажираат за бегалците и мигрантите во Европа . Повикот го упати првиот човек на СВетската органзиација  Бан Ки Мун. Според него не  треба треба да се бараат причините за проблемите а не да се градат ѕидови и огради. Од почетокот на годинава досега, според податоците на Меѓународната организација за миграција,  522 000 мигранти и бегалци стигнале во Европа преку Средоземното море  а  3000 на тој пат го загубиле животот или се водат за исчезнати. Најмногу мирганти и бегалци допатувале во Грција.

Талибанците го освоија Кундуз, по жестоки борби со авганистанските војници

Авганистанските власти соопштија дека талибанците го зазеле градот Кундуз по неколку часовни жестоки борби со безбедносните сили.  Тие нападнале од три правци. Во судирите загинале 20 талибански борци  и четворица војници.  Кундуз има големо  стратешко  значење, затоа што претсставува транспортен центра за северниот дел на Авганистан.

Кастро- Нормални односи со САД се можни ако се укине ембаргото

Претседателот на Куба, Раул Кастро, во обракањето на ГС на ОН порача  дека нормални односи на земјата со САД би можеле да бидат воспоставени само доколку Вашингтон го оконча трговското ембарго кон неговата земја, да ја врати воената база Гвантанамо и да ја прекине антикомунистичката пропаганда кон Куба. На овие теми вечерва  ке зборуваат Кастро и американскиот претседател  Обама  во  Њујорк .