Во ЕУ увезени речиси 23 милиони неисправни маски
Во Европската унија кон средината на септември речиси 23 милиони заштитни маски беа неисправни, потврди Европската комисија.
Еврокомесарот за правда го известил хрватскиот пратеник Томислав Сокол дека неговата пријава во РАПЕКС, безбедносната порта за брза реакција за опасни непрехранбени производи, а која била поврзана со заштитните маски, покажа дека кон средината на септември 2020 година во ЕУ имало околу 23 милиони вакви артикли, односно 23 милиони маски што биле означени за неисправни.
Како член на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите, Сокол на почетокот на летото испратил барање до Европската комисија за проценка на состојбата со маските, предупредувајќи дека во Европската унија се идентификувани повеќе од седум милиони неисправни маски.
Тој тогаш информира дури 15 земји-членки идентификувале неисправни маски. Тие 23 милиони маски се обележани како неисправни главно поради недоволниот капацитет за филтрирање или неправилното лепење на маските на лицето или недостатокот на сертификација што ја бараат релевантните европски тела.
-Од 121 апликација, 104 се однесуваа на маски произведени во Народна Република Кина, две на маски произведени во Мексико, а по една на маски од Данска, Турција, Украина и Виетнам, додека во 11 случаи потеклото не било пријавено или не било познато, рече Сокол.
Тој апелира до потрошувачите пред да ги купат, да проверат и да бидат сигурни дека маските ги исполнуваат безбедносните стандарди.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација