Во екот на сезоната во Црна Гора има 92 проценти помалку туристи
Во Црна Гора во екот на сезоната престојуваат малку повеќе од 15.000 туристи што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Националната туристичка организација.
Хотелиерите и сопствениците на туристички апартмани велат дека речиси ги преполовиле цените, со цел да останат барем на позитивна нула.
Тие не очекуваат да имаат подобра заработка во остатокот од сезоната.
Во најјужниот црногорски град Улцињ, угостителите велат дека немаат ниту пет проценти од минатогодишниот промет. Стариот град не бил толку празен со децении.
Стариот град во Улцињ, инаку најпосетуваното место во текот на летните месеци, годинава е целосно пуст. Речиси никој не поминува, рестораните се празни, а во музеите нема посетители, јавуваат локалните медиуми.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право