Живот
2. September 2018 - 19:12

Во Египет откриено една од најстарите неолитски населби

Египетските археолози открија едно од најстарите населби некогаш пронајдени на делатата на Нил, чии артефакти датираат уште пред периодот на фараоните.

Египетското Министерство за археолошки истражувања денеска соопшти дека неолитската населба е откриена во Тел ел-Самара, околу 140 километри северно од Каиро.

Главниот археолог Фредерик Џио изјави дека неговиот тим пронашол силос со коски од животни и храна што укажува дека таму живееле луѓе уште пред 5.000 години пред новата ера односно 2.500 години пред да бидат изградени пирамидите во Гиза.