Македонија
8. October 2020 - 15:21

Во еден стан или куќа најмногу 4 лица предлага Комисијата за заразни болести

Забрана на семејни собири и прослави во домовите, забрането групирање по 22 часот, задолжително носење маска насекаде се новите мерки кои ги предлага Комисијата за заразни болести.
 
Во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе, забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица, и тоа по паркови, бензински пумпи и било каде на отворен простор.