-->
-->
Во Дубаи пуштена во употреба најголемата фонтана во светот
-->
Најголемата фонтана во светот е пуштена во употреба во Дубаи, проследено со огномет.
Фонтаната зафаќа 7.327 квадратни метри, украсена е со 3.000 лед светла, а 7.500 млазници фрлаат вода висока до 105 метри.
„Фонтана палма“ се наоѓа во трговскиот центар „Поинте“ на вештачкиот остров во форма на палма.
Најновата атракција на Обединетите Арапски Емирати влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот.
Фонтаната ќе работи во текот на целата година од утро до полноќ, а водените млазници се активираат на секои три минути во различни бои.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто