Балкан
9. July 2016 - 10:21

Во Драч запленти 700 килограми марихуана

Албанската полиција, во пристанишниот град Драч заплени 700 килограми мархуана, чија крајна дестинација била Италија.

Дрогата била откриена во камион-шлепер, со албански регистарски таблички, при скенирање пред возилото  да влезе во траектот кој требало да исплови за Бари.

Камионот  во Тирана бил натоварен со мебел. Уапсен е возачот на камионот.