Балкан
26. October 2015 - 11:23

Во Драч запленети 700 кг марихуна скриена меѓу палетирано огревно дрво

Албанските царински работници во пристаништето Драч откриле и заплениле околу 700 килограми марихуана, која требало да биде прошверцува за Италија.

Дрогата била скриена во камион-шлепер, со сообраќајни ознаки на Тирана, меѓу палети со огревно дрво, кој бил натоварен во Бушат, кај Скадар а крајната дестинација бил италијанскикот град Милано.

Дрогата била откриена при контрола на втората линија, непосредно пред траектот да исплови. Во камионот имало 32 палети, а дрогата била скриена во десет од нив меѓу палетираното одревно дрво.

Уапсени се возачот на камионот Ервин Пелумб(36) жител на населбата Лапрак,кај Тирана и сопственикот на возилото Алберт Дока(52) исто така од Тирана.

Со оваа последна акција, за десеттина дена албанската полиција има запленето околу шест тони марихуна, која требало да биде прошверцувана, главно за Италија и Грција.