Македонија
6. January 2018 - 13:17

Во дом на тетовец при претрес пронајдена и оздемена еден килограм марихуана

Врз основа на судска наредба, полициски службеници, вчера, во периодот од 16 до 18 часот, извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето Б.М. (22)  на ул. „Ленин“ во Тетово.  

Како што соопшти МВР, при претресот на повеќе различни места и во различни пакувања, била пронајдена вкупно околу еден килограм наркотична дрога марихуана.

- Дрогата била пронајдена во 39 зипер кеси во црн несесер, во шест зипер кеси во метална кутија, во една црна кеса, во една најлонска бела кеса и во една торба во која имало две пластични кутии, две кеси, 13 зипер кеси, три врвови од тревкаста материја и осум тегли со различна големина, наведуваат од МВР.

Пронајдените предмети со дрогата биле одземени и дадени на вештачење, а Б.М. бил приведен и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.