Во дом на тетовец при претрес пронајдена и оздемена еден килограм марихуана
Врз основа на судска наредба, полициски службеници, вчера, во периодот од 16 до 18 часот, извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето Б.М. (22) на ул. „Ленин“ во Тетово.
Како што соопшти МВР, при претресот на повеќе различни места и во различни пакувања, била пронајдена вкупно околу еден килограм наркотична дрога марихуана.
- Дрогата била пронајдена во 39 зипер кеси во црн несесер, во шест зипер кеси во метална кутија, во една црна кеса, во една најлонска бела кеса и во една торба во која имало две пластични кутии, две кеси, 13 зипер кеси, три врвови од тревкаста материја и осум тегли со различна големина, наведуваат од МВР.
Пронајдените предмети со дрогата биле одземени и дадени на вештачење, а Б.М. бил приведен и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто