Македонија
10. April 2016 - 16:28

Во Долни Сарај ќе се гради градска репрезентативна куќа

На Долни Сарај ќе никне Градска репрезентативна куќа. Објектот  ќе се гради според скица на поранешениот изглед  на приземјето ќе биде сместен национален ресторан со поставка на етно музеј, на првиот кат ќе има резиденцијални апартмани, а на вториот сала за прием која ќе биде во функција на општината и други културни институции.

Во тек е огласот за идејно архитектонско решение кое предвидува културно одбележје со атрактивни содржини.

Со овој објект ќе се создаде едно привлечно  катче за рекреирање на туристите а воедно ќе придонесе и за афирмирање на културно историските вредности на градот.

Инаку на местото на монументалната резиденција „Долни Сарај“,на карпата над брегот на Охридското езеро каде ќе се гради градската куќа градината ќе се трансформира во гледалиште за културни манифестации на отворен постор.