Македонија
1. July 2017 - 13:44

Во Дојран за викендите се бара легло повеќе

Во Дојран годинава туристичката сезоната започна многу порано од вообичаеното, од средината на јуни.

Како што информираат од туристичкото биро освен комерцијалните капацитети кои се речиси целосно распродадени како во хотел „Романтик“, во приватниот сектор кој располага со 12.000 легла за време на викендите секогаш се бара легло повеќе.

Според туристичките работници, пеколните температури што изминативе денови ја зафатија земјата се главна причина за зголемената посетеност и очекуваат овој тренд да продолжи и овој месец, пред се поради одрфжувањето на „Д фест“ како и во август кој традиционално важи за најпосетен месец на туристичката сезона во Дојран.