Македонија
13. May 2016 - 13:56

Во Дојран до 16 мај доставување барања за одобрение за користење на јавни површини

 Во пресрет на летната туристичка сезона, општина Дојран ги повика сите заинтересирани физички и правни лица најдоцна до 16 мај да ги достават барањата за добивање одобрение за користење на јавни површини. 

Одделението за урбанизам на општина Дојран информира дека предмет на барањата се јавните површини пред деловните објекти на кои сопствениците имаат намера да поставуваат сезонска опрема за вршење на трговија од мал обем или угостителска дејност.

По истекот на рокот, од општината најавија дека ќе се вршат редовни контроли и ќе се преземаат мерки предвидени со законските одредби против поставување опрема на јавно-прометни површини.