Во Делчево ќе гради градска капела

Делчево ќе гради градска капела со средства од грантот во износ од над 5 милиони денари, добиен од кредитот од Светската банка со која општината се задолжи за изградба на детската градинка.
Тони Стоименовски, советник од ЛЕР во Општина Делчево, истакна дека за изградбата на градската капела, Делчево веќе работи на обезбедување на планската документација.
- Делчево изработи планска документација, сега е во фаза на урбанизација на просторот. Обезедени се неколу технички идејни решенија за имплементација, а обебзеден е и буџет преку задолжувањето од Светска бранка за изградба на детската градинка. Со ова задолжување, општината ја следува 20% грант од сумата на задолжување, а тоа е вкупниот износ потребен за изградба на капелата. По зваршување на урбанизацијата на просторот, очекуваме многу брзо да почнеме со импелментација на овој проект. Проектираната сума на техничките решенија е околу 5-6 милиони денари, но крајниот износ ќе зависи од јавната набавка, истакна Стоименовски.
Изградбата на градската капела е избран како прв приоритет од граѓаните на Делчево на буџетските форуми.
Ново на Сител
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
