-->
-->
Во Делчево и М.Каменица во тек е гласањето за вкупно 362 болни и изнемоштени лица
-->
Во Делчево и Македонска Каменица денес во рамки на Претседателските избори гласаат вкупно 217 болни и изнемоштени лица. Според информациите на Владимир Петровски од Општинската изборна комисија Делчево, гласањето започна навреме и без посериозни проблеми.
-Претставници на Општинската изборна комисија навреме се упатија кон домовите на вкупно 192 лица кои еден ден порано гласаат на Претседателските избори. Гласањето според информациите од членовите на избирачкиот одбор кои се на терен се одвива без никакви проблеми, соопшти Петровски.
Додава дека своето право на глас на Претседателските избори во Делчево утре можат да го остварат 14.673 граѓани, кои ќе гласаат на вкупно 36 избирачки места.
Во Македонска Каменица како што информираше Сања Митревска, претседател на ОИК, гласањето исто така се одвива без никакви проблеми.
-Во М.Каменица на вкупно 25 болни и изнемоштени лица им беше уважена пријавата за гласање во домашни услови. Членовите на избирачкиот одбор кои го спроведуваат гласањето за оваа категорија граѓани, велат дека гласањето се одвива во најдобар ред, информира Митревска.
Во Македонска Каменица утре на 17 избирачки места ќе гласаат 6.619 граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари