Македонија
5. April 2021 - 14:42

Во Делчево 20 годишна девојка од Албанија се затрула со плин

Девојка на 20 годишна возраст од Албанија се затрула со плин за време на престој кај својата сестра во Делчево. Од здравствен дом Делчево го потврдија случајот, информирајќи дека по труењето на девојката интевренирала екипа на Итната медицинска помош.

– Труењето кај 20 годишната девојка која била во посета на својата сестра во Делчево е констатирано по користењето на нејзината бања, каде имало плински уред. Поради серизноста на случајот, девојката заедно со тим на Итната медицинска помош е препратена на клиниката за токсикологија во Скопје, информираат од Здравствениот дом во Делчево.

Додаваат дека за време на патувањето кон болницата во Скопје девојката имала константна кислородна поддршка.

Девојката во делчевската амбуланта како што додаваат, е примена во текот на денешниот ден околу 13:30 часот.