Во декември ќе бидат извршени две смртни казни во САД
САД планираат да извршат смртна казна во демекври за двајца федерални затвореници – маж и жена осудени за убиство. По 17-годишна неформална пауза, тоа ќе бидат осми и деветти погубувања оваа година во САД.
Лиса Монтгомери, која задави бремена жена во 2004 година, ќе биде погубена на 8 декември, а Брендон Бернард, кој изврши двојно убиство во 1999 година – на 10 декември, објави американското Министерство за правда.
Последната смртна казна за жена беше извршена во Мисури во 1953 година во комора за гас. Двете смртни казни треба да бидат извршени со смртоносна инјекција.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја скрши 17-годишна неформална пауза при федералните егзекуции во јули, откако минатата година беше усвоен нов протокол со кој ќе се користи само едно средство за смртната казна – барбитурат, наместо комбинација од три, како што беше случај од 2003 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација