Македонија
26. February 2018 - 13:59

Во декември 75,2 отсто од потрошената струја од домашно производство

Македонија лани во декември вкупно потрошила 789.209 мегават часови електрична енергија, 38.090 милиони нормални метри кубни природен гас, 535.674 тони јаглен и 99.083 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статитстика, 75,2 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,4 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.