Македонија
30. November 2016 - 18:28

Во Дебарско засадени 24 илјади садници бел и црн бор

Во рамки на седумнаесеттата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, во Дебарско се засадени 24 илјади садници бел и црн бор.

- Во месноста „Клакови“ во атарот на селото Татар Елевци засадени се четири илјади, додека во атарот на селото Новак, општина Центар Жупа, 20 илјади садници бел и црн бор. Во акцијата за пошумување учествуваа вработените во Подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“, вработени во локалната самоупарава, институции, ученици и граѓани, изјави Рами Љата, раководител на Подружницата „Стогово“.

Спорд него, во изминатите седуманесет акции во општните Дебар и Центар Жупа биле засадени над 420 илјади садници бел и црн бор, како и багрем.

Главно се пошумуваат ерозивни и опожарени подрачја, како и поширокото подрчје покрај брегот на Дебарско Езеро.