Македонија
16. јуни 2017 - 9:18

Во Дебарско од почетокот на годината 60 пожари

Дебарската територијална противпожарна единица, која интервенира во општините  Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, односно подрачјето на Река, во изминатиот период од годинава интервенирала на 25 интервенции повеќе во однос на  годината претходно.

Во овој период според командирот на единицата, Џетан Мифтароски, и причинетата материјална штета е поголема.

- Во изминатиот период од годнава сме имале 60 интервенции, од нив 53 се пожари, при што 27 на објекти, 24 на оторен простор и два на сообраќајни средства. Седум интервенции отпаѓаат на технички интервенци. Кога станува збор за пожарите во објекти тие се претежно во грејната сезона, а причина биле неисчистени оџаци, изјави Мифтароски.

Тој истакна дека штетата би била многу поголема, доколку не била брзата интервенција, што, како што вели тој, е резултат на добрата опременост, кадровската екипираност и обученост. Во последните десеттина години, додава, целосно е сменета претходната состојба, кога имавме две стари  дотраени возила, а бевме тројца пожарникари.

Во рамки на добрососедската соработка а пред се од хуман аспект, нагласува тој, дебарската противпожарна единица интервенира при пожари  и во соседните погранични албански населени места.

Поради периодот кој следува, со високи температури и сушење на вегетацијата, можна е поголема појава на пожари и аперли до жителите да  бидат повнимателни при движењето и престој на отворен простор.