Бизнис
24. January 2017 - 9:11

Во Дебарско евидентни позитивните резултати од „Македонија вработува“

Во првите 20 дена од годинава во општините Дебар и Центар Жупа преку проектот „Македонија вработува“ се остварени 10 нови вработувања.

Според Центарот за вработување што ги покрива двете општини, ова е уште една потврда за позитивните резултати на проектот.

- Во првите дваесет дена од годинава се остварени 10 нови вработувања што навистина е голем успех ако се има предвид временскиот рок и факот дека станува збор за две мали недоволно развиени општини. Во тек се уште толку, изјави раководителот на Центарот Афет Авмедоски.

Од почетокот на реализација на проектот, додаде, во континуитет има заинтересираност кај претприемачите и невработените за понудените поволности.

- Со „Македонија вработува еден“, во периодот април 2015/април 2016 беа  остварени 306 директни вработувања, додека од крајот на јули 2016, кога стартуваше „Македонија вработува 2“, до крајот на календарската година, се остварени 60 нови директни вработувања. Нововработените се од сите пет целни групи, информира Авмедоски. 

Центарот за вработвање и годинава продолжува со средби во работниот клуб, каде детално се објаснуваат поволностите од сите активни мерки содржани во владиниот Оперативен план за вработување.