Во Дебар уште осум лица во самоизолација, граѓаните го почитуваат карантинот
Во општините Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места и нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според МВР, во Дебар се евидентирани осум нови лица во самоизолација, а врз сите што се во самоизолација се извршени 68 контроли.
-Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, наведува МВР.
Министерството потсетува дека сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.
-Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, потенцира МВР и апелира, граѓаните строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана за движење на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден и за време на викедот, од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица