Во Дебар расте бројот на заболени од морбили
Од Подрачната единица на Заводот за јавно здравје во Дебар потврдуваат дека расте бројот на заболени од морбили.
До денеска регистрирани се 20 случаи, сите во Дебар, што е за три случаи повеќе споредено со вчерашниот ден, а има и неколку сомнителни случаи.
- Повеќето од заболените се над триесетгодишна возраст и не биле целосно вакцинирани, освен двајца кои ги имале примено двете дози на МРП вакцината. Сите се во роднинска врска или соседи и имале меѓусебен контакт, изјави епидемиологот Ментор Меља, раководител на единицата, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.
Тој упати апел до сите оние кои не ја добиле потребната вакцина за оваа болест, на возраст од една до седум години, да се јават во Службата за вакцинација при Општата болница во Дебар и да се вакцинираат.
Во рамки на превземените мерки извршена е дезинфекција на просториите во детската градинка „Брешија“.
Инаку, првиот случај е регистриран кон крајот на мај кога член од семејството за време на престојот во Албанија заболел од морбили, а веднаш потоа и неговите родители.
Институтот за јавно здравје вчера на својата веб страница објави дека во Дебар е прогласена епидемија на мали сипаници и оти се регистрирани 17 случаи, а за четири лица се уште се чекаат конечните лабораториски анализи. Денеска бројката на заболени е 20.
Во подрачјето на Дебар и Центар Жупа морбилите се сметаа за искоренета болест,бидејќи последните случаи се регистрирани пред повеќе од две децении.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право