Во Дебар и Центар Жупа социјална парична помош остваруваат 748 корисници
Право на социјална парична помош преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, остваруваат 748 корисници, со околу три илјади членови на нивните домаќинства.
Според директорот на центарот Назиф Беќири, станува збор за невработени лица, кои редовно се пријавуваат во Агенцијата за невработување. Од вкупната бројка над 85 отсто се од општина Дебар.
Доколку се направи соредба со бројката на корисници пред неколку години таа е помала за околу 20 отсто, што е последица пред се на фактот што дел од лицата кои остварувале вакво право веќе се вработиле или оствариле право на надоместок за стечаен до пензија, некои заминале за странство, а дел го изгубиле правото поради лажно прикажани податоци.
Социјална парична помош на ниво на држава остваруваат 30 илјади корисници. Истата во изминатите неколку години е зголемена за 61,8 проценти.
Инаку, како што нагласува директорт Беќири, меѓу другите права, 99 лица остваруваат право на постојана парична помош, 132 лица право на помош и нега од друго лице, додека 12 лица остваруваат право по основ на цивилна инвалдинина од војната.
Центарот редовно исплатува и еднократна парична помош која во просек месечно ја добиваат по 22 лица, додека субвенција за потрошена електрична енергија добиваат по околу 600 семејства.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор