Македонија
14. October 2017 - 11:30

Во Дебар и Центар Жупа гласаат 42 болни и изнемоштени лица

Во општините Дебар и Центар Жупа, денска, ден пред локалните избор, ќе гласаат 42 болни и изнемоштени лица.

- Во општина Дебар денеска правото на глас ќе го остварат 38 болни  и изнемоштени лица. Гласањето се одвива непречено. Во тек е распределбата на избирачкиот материјал, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисја.

Во оваа општина утре ќе се гласа на 16 избирачки места, а во единствениот избирачки список запишани се 18.406 лица со право на глас.

Во општина Центар Жупа, потврдува Еран Зубер, претседател на ОИК, денеска гласаат четири болни и изнемоштени лица. Во единствениот избрачки список запишани се 6.810 лица, а ќе се гласа на 16 избирачки места.