Во Дебар двајца новозразени,само овој месец 25 лица
Во последното деноноќие во Дебар новодијагностицирани со Ковид-19 се две лица, со што само во изминатите денови од овој месец бројот изнесува 25.
Во просек дневно регистрирани се по двајца новозаразени.Најмногу новозаболени имало на први август 10 и на осми август шест лица.
Во последното деноноќие нема оздравени, но ни починати лица. Во изминатитите денови од овој медец починале двајца пациенти или осум од почетокот на пандемијата, а оздравеле девет или 91 од вкупно заболените досега.
Според надлежните од крајот на февруари кога болеста се појави во ова подрачје направени се над 1.100 тестови,позитивни се 223, дури 90 отсто од нив во Дебар,останатите во Центар Жупа.
Во првата фаза од болеста беа регистрирани 51 заболен, од нив четворица починаа.Останатите 172 заразени се од втората фаза односно од петти јуни до денес. И во втората фаза битката со опасниот вирус ја загубиле четири лица.Активни на болеста се 124 лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација