Во Дебар денеска гласаат болни и изнемоштени лица
Пред утрешното гласање за градоначалник на Дебар, денеска правото на глас треба да остварат 70 болни и изнемоштени лица.
-Во моментов вршиме распределба на изборниот материјал за сите гласачки места, а материјалот треба да го подгне и избирачкиот одбор кој ќе го спроведе гласањето во домашни услови на болни и изнемоштени лица. Гласањето на овие лица планираме да почне на пладне, изјави Рилинд Хаса, претседател на општинската изборна комисија.
Своето право на глас, додава, денеска треба да го остварат 70 лица или 50 повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени.
Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до Комисијата не е пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација.
Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211 лица а утре ќе се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана