-->
-->
Во Данска стратува ракометниот Мундијал за жени
-->
Дваесет и второто Светско првенство за ракометарки стартува денес и ќе се игра до 20.декември во Данска. Четири градови се домаќини на првата фаза каде 24.те селекции се поделени во четири групи по шест репрезентации. Првите четири селекции од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето каде според систем на елиминации ќе се игра до финалето.
Градови домаќини се: Хернинг (А група); Нествед (Б група), Колдинг (Ц група) и Фредериксхавн (Д група).
Репрезентациите се поделени во групите:
А група: Данска, Црна Гора, Унгарија, Јапонија, Тунис, Србија.
Б група: Куба, Шведска, Холандија, Полска, Кина, Ангола.
Ц група: Бразил, Франција, Аргентина, Јужна Кореа, Конго, Германија.
Д група: Норвешка, Шпанија, Романија, Русија, Порторико, Казахстан.
Во првото коло кое се игра денеска двојките се:
Црна Гора – Србија, Унгарија – Тунис, Данска – Јапонија (А група),
Холандија – Кина, Куба – Полска, Шведска – Ангола (Б група),
Аргентина – Конго, Франција – Германија, Бразил Јужна Кореа (Ц група),
Романија – Порторико, Шпанија – Казахстан и Норвешка – Русија (Д група).
Титулата светски шампион ја брани селекцијата на Бразил, а финалето е закажано за 20.декември и ќе се игра во салата „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот