Балкан
9. December 2020 - 10:04

Во Црна Гора стапи на сила полициски час

Од денес во Црна Гора се донесени нови мерки насочени кон сузбивање на пандемијата на Ковид-19. Забраната за напуштање на домот трае од 22 до 5 часот наутро.

Исто така, забранета е работата на продавниците од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти ќе бидат отворени од 7 до 18 часот.

Компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија на прехранбени производи (пазари, супермаркети, хипермаркети) ќе работат од 7 до 20 часот, а компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија со непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за чевли и облека, салони за убавина, фризерници) од 7 до 20 часот, предвидуваат новите мерки.