Во Црна Гора нема новозаразени со Ковид-19
Според пресекот на епидемиолошката состојба, утрово во Црна Гора нема нови случаи на заболени од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа анализирани се 97 примероци, соопшти од Институтот за јавно здравје во Подгорица.
Заменик-директор на Институтот за јавно здравје Сенад Бегиќ истакна дека Црна Гора го избегнала најлошото сценарио, со тоа што на време ги спровела заштитините мерки.
Бегиќ додаде дека се уште е рано да се говори за тоа дали може да се очекува втор бран на Ковид-19, особено во очекување да се најде вакцина.
– Природата на овој вирус досега толку пати не изненади и негираше голем дел од тоа што мислевме дека го знаеме, така да би било крајно несериозно да прогнозираме. Постојат неколку можни сценарија и модели, со своите предности и недостатоци, истакна Бегиќ.
Тој додаде дека нема ништо лошо во тоа, физичката дистанцата и хигиената да станат дел од секојдневието.
Во Црна Гора вкупниот број на заразени лица останува 321.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност