Балкан
2. April 2018 - 19:04

Во Црна Гора има 64 милионери

Кон крајот на минатата година, во Црна Гора имало 64 граѓани кои имале над еден милион евра депозит во банките, а најголемиот влог бил 63,3 милиони евра, се наведува во соопштение на црногорската Централна банка.

Во 2016 година, во Црна Гора имало 54 милонери, а најголемиот депозит бил околу 13 милиони евра.

Вкупната сума на депозити на приватни лица и компании, кон крајот на минатта година изнесуваше околу три милијарди евра, од кои 1,7 милијарди на граѓаните, а 1,3 милијарди евра на фирмите.