Балкан
28. March 2021 - 9:19

Во Црна Гора денеска пристигнуваат 24 илјади дози вакцини преку КОВАКС

Контингент од 24.000 дози вакцини АстраЗенека денеска пристигнуваат во Црна Гора, обезбедени од Министерството за здравство преку Ковакс механизмот, соопшти тоа Министерство.

„Сите вакцини набавени во рамки на механизмот Ковакс се одобрени од СЗО, како водечка организација на системот на Обединетите нации што се занимава со прашањето за безбедноста на вакцините“, соопшти Министерството за здравство.

На аеродромот во Подгорица, пратката вакцини ќе ја пречекаат црногорската министерка за здравје, д-р Јелена Боровиниќ Бојовиќ, шефицата на канцеларијата на СЗО во Црна Гора Мина Брајовиќ, шефот на претставништвото на УНИЦЕФ Хуан Сантандер, шефицата на Делегацијата на ЕУ во Црна Гора амбасадорката Оана Кристина Попа, британската амбасадорка Карен Медокс и резидентниот координатор на ОН во таа земја Питер Лундберг.