Македонија
17. May 2022 - 19:42

Во четврток заедничка литургија на МПЦ, СПЦ и ПОА во Белград

Светиот Синод на Македонската православна црква утре ќе донесе одлука дали ке учествува на заедничката литургија со СПЦ која е планирана за четврток во во Белград. Владиката Петар смета дека тоа би била добра одлука.

Владиката Петар е уверен дека заедничкото служење на архиерејска литургија во соборниот храм Свети Сава во Белград како и вчерашната одлука за канонко единство кое ја донесе соборот на СПЦ несомнено водат кон афтокефалност.

Од СПЦ соопштуваат дека со ваквата богослужба ќе се воспостави литургиска и канонско општење на двете сестрински цркви.

На сајтот на Српската православна црква заедничкото служење се опишува како чин убав и прекрасен кој покажува дека сите брака треба да жиеват заедно.