Во Чешка рекорден број на новозаболени луѓе со Ковид-19
Во Чешка во изминатите 24 часарегистрирани се рекордни 14.968 луѓе инфицирани со новиот коронавирус.
Во истиот период 69 луѓе починале од последици од Ковид-19.
Од почетокот на пандемијата, Чешка, со население од 10,7 милиони жители, бележи најголем пораст на бројот на новозаболени во Европа. Досега се потврдени 208.915 инфицирани лица и 1.793 смртни случаи.
Од денеска во Чешка стапуваат во сила нови порестриктивни мерки вклучително и затворање на многу продавници, трговски центри и хотели. На луѓето ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови, со некои исклучоци. Владините канцеларии исто така ќе го ограничат работното време. Според новиот режим, продавниците за храна и лекови, аптеките и бензинските пумпи ќе останат отворени. Од вчера во сила е мерката за носење заштитна маска на отворено и во автомобили.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност