Свет
31. October 2020 - 10:37

Во Чешка продолжена вонредната состојба поради Ковид-19 до 20 ноември

 Чешкиот Парламент одлучи да ја продолжи до 20 ноември вонредната состојба воведена на 5 октомври поради Ковид-19. Одлуката беше донесена со 86 наспроти 11 гласа во Парламентот.

Чешка, со 10,7 милиони жители, е меѓу европските земји со најсериозно зголемување на бројот на коронавирус-инфекции во Европа. Државата се бори со една од најбрзо растечките стапки откако вкупниот број на случаи се искачи на повеќе од 280.000, а смртните случаи надминаа 2.500.

Владата на премиерот Андреј Бабиш инсистираше продолжувањето да биде до 3 декември, но предлогот не беше прифатен.

Меѓу земјите во Европа што прогласија вонредна состојба се Шпанија, Франција, Полска… додека Белгија воведе строг карантин.