Во Централниот регистар воспоставени два нови регистри
Во Централниот регистар воспоставени се два нови регистра - Регистар за продажба со задржување на правото на сопственост и Регистар за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права.
- Овие регистри овозможуваат евидентирање и објавување на два нови видови на обезбедување на побарувања, што ја зголемува транспарентноста во правниот промет и претставува нова алатка за обезбедување на побарувањата при кредитирањето на бизнисите, појаснува Централниот регистар.
Уписите во овие регистри се вршат врз основа на нотарски солемнизирани договори или нотарски акти за обезбедување на побарувањата и може да се извршат по електронски пат или пак во хартиена форма во регионалните канцеларии на Централниот регистар.
Уписите во регистрите се од конститутивен карактер, односно договорите произведуваат правно дејство со моментот на впишување во регистарот, коешто мора да се изврши во рок од пет работни дена од солемнизирањето на договорот, односно составувањето на нотарскиот акт. Во регистрите се поднесуваат и пријави за запишување на промени и бришења што произлегуваат од измени на соодветните договори.
Преку овие регистри се врши и поедноставно пребарување и во Заложниот регистар и во Регистарот на лизинг, при што отсега и по електронски пат, без потреба од доаѓање во некоја од канцелариите на Централниот регистар, може да добие информација за оптоварени движни предмети.
При дизајнирањето на регистрите, како што информира Централниот регистар, следени се најдобрите светски практики, анализирани се компаративните искуства од регионот и пошироко, а биле вклучени експерти од Министерството за правда и Министерството за финансии, претставници од судовите и од Нотарската комора на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228