Македонија
15. October 2015 - 17:27

Во центарот за јавно здравје денеска гужви за примање на вакцини против сезонски грип

Околу 400-тини скопјани денеска примија вакцина за заштита од сезонски грип. На првиот ден од стартот на имунизацијата, гужви во Центарот за јавно здравје. На располагање имаат 5500 дози, исто како и минатата година. Први вакцина примија постари лица и хронично болни за кои е препорачано да бидат заштитени од вирусот.

-Потребно е да ја примат оние со намален имунитет, со кардиолошки заболувања, хронично болни, вели др. Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје.

Препорака од епидемиолозите е вакцина да примат и сите оние кои работат на ризични позиции и во големи компании. Но засега немаат такви најави. Оние кои со години наназад ја примаат вакцината велат дека ги штити од грип.

-Јас веќе 4 години се вакцинирам. лани речиси сите во мојата фамилија се разболеа од грип, јас не.

-јас десет години примам вакцини и да ви кажам одлични се. Пред тоа често се разболував, велат граѓани

По препорака на директорот вакцина против грип треба да примат и вработените во Центарот за јавно здравје.

-и денеска имаше неколку здравствени работници кои беа вакцинирани. од Клиниката за Инфективни болести побараа 70 дози, така да има, вели Лазаревска

Според податоците од Институтот за јавно здравје, досега регистрирале 33-ца заболени од грип. Дури 30 од нив се од Куманово и по еден случај од Ресен, Струга и Тетово. Се уште нема лабораториска потврда кој тип на вирусот циркулира во земјата.