Македонија
6. September 2016 - 13:01

Во центарот на Македонска Каменица првпат се поставуваат табли со имиња на улици и куќни броеви

Во Општина Македонска Каменица прв пат се поставуваат табли со имиња на улици и куќни броеви во централното градско подрачје.
 
Како што информира денеска Васко Десподовски, портпарол на Општина Македонска Каменица, општината со средства од буџетот обезбедила  80 табли со имиња на улици, како и таблички со куќни броеви кои ќе се поставуваат на индивидуалните и колективните објекти за домување и фирмите.
 
- Во соработка со  Јавното претпријатие „Камена Река“ од денеска започнуваме со поставување  табли со имиња на улиците во централното градско подрачје. Дел од оваа набавка се и таблички со куќни броеви за сите индивидуални и колективни објекти за домување, кои ќе бидат поставени во наредниот период. Оваа активност е во насока подобрување на урбаниот лик на централното градско подрачје, а се разбира и за полесно доставување поштенски пратки, ориентација на лицата кои доаѓаат во Македонска Каменица, односно полесен пристап. Таблите со имињата на улиците ќе се поставуваат на почетокт и на крајот од улицата, рече Десподовски.
 
Табличките се набавени преку фирмата „Раде Кончар“ Скопје.