Македонија
31. March 2017 - 15:53

Во Центар се одржа Фестивал „Во светот на насмевките“

Самовили и гусари, супермени и принцези, бубамари и пчелички, нинџа желки и црвенкапа... вака маскирани 150-тина деца од трите градинки од општина Центар, беа дел од фестивалот „Во светот на насмевките“. 

- Фестивалот, општина Центар го организира по вторпат и ќе направиме се за да стане традиција, бидејќи наша задача е да направиме се за нашите најмлади и најмили секогаш да бидат вака насмеани. Ова секако не мотивира да работиме уште повеќе, за нивно добро, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Општината обезбеди и подароци за децата како топки, хулахопи, лулашки, лизгалки и лулашки.

Фестивалот „Во светот на насмевките“ се одржува по повод 1 април, Денот на шегата.