Свет
29. May 2018 - 10:37

Во бура во Индија најмалку 10 мртви

Најмалку 10 лица загинаа во северниот дел на Индија во налетите на силна бура, која корнеше дрвја и уриваше куќи, соопштија денеска локалните власти.

Сите жртви се од индиската држава Утар Прадеш.

Ветерот достигнуваше брзина и до 80 километри на час, што беше доволно да бидат искорнати дрвја и да се урнат трошните куќи.

Во изминатите седмици, северниот дел на Индија беше погоден од две бури, во кои загинаа 178 лица.