Балкан
1. November 2016 - 20:43

Во Бугарија запленети 13 милиони фалсификувани евра

Бугарските власти заплениле рекордно количество од над 13 милиони евра во фалсификувани банкноти, соопшти денеска полицијата.

Најголемиот дел од парите се пронајдени на дното на едно вештачко езеро, а оттаму ги извадиле нуркачи, пренесоа француските медиуми.

Банкнотите биле во апоени од 500 евра, а биле сокриени во близина на една брана на југот од Бугарија.

Полицијата до нив дошла откако еден од фалсификаторите бил уапсен и признал каде се наоѓаат лажните пари, наведуваат француските меидуми.