Балкан
14. јуни 2017 - 13:58

Во Бугарија уапсени седуммина фалсификатори на платежни картички

Во заедничка акција на бугарската полиција и Европол, во Бугарија се уапсени седум лица, осомничени за припадност во криминална група. соопшти денеска главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Младен Маринов.

Како што јави БТА, станува збор за криминална група составена од Бугари и Шпанци, осомничени за изработка на фалсификувани платежни картички.

Во рамки на акцијата во Шпанија се уапсени уште 21 лице.