Балкан
20. јуни 2020 - 19:33

Во Бугарија регистрирани нови 81 заразени со коронавирусот

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 81 новозаразени со коронавирусот, од извршени 2.371 тестови, покажуваат податоци од Националниот информативен центар.

Во истиот период има 67 излекувани пациенти.

Во Бугарија до сега има вкупно 3.755 случаи на новиот коронавирус, од кои 2.008 се излекувале а 193 луѓе починале.

Според Националниот информативен систем заразата е потврдена кај 341 медицински работници од кои осум се регистрирани во изминатото деноноќие.