Во Бугарија регистрирани 102 дојави за подметнати бомби во училишта низ државата
Во моментов има 102 пријави за експлозивни направи во училишта во регионите Плевен, Сливен, Варна, Бургас и Софија, а мејловите се речиси идентични.
Нема реална опасност. Тоа денеска го изјави бугарскиот главен секретар на Министерството за внатрешни работи, Петар Тодоров.
Според него, вработени од Генералната дирекција „Борба против организиран криминал“ со две партнерски служби работат на насоки за приведување лице инволвирано во заканите, а кое е надвор од територијата на Бугарија.
– Во рок од два дена работна група ќе изработи процедура што строго ќе го регулира постапувањето во вакви ситуации, изјави Тодоров и додаде дека во ниту еден случај нема закана за изборите в недела.
-Досега, 25 училишта и еден универзитет во Софија добија закани за експлозивни направи, изјави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.
Вработените во Министерството за внатрешни работи на Бугарија работат на близу 400 оперативни и 270 отворени сигнали поврзани со изборниот процес, има 75 поведени предистражни постапки.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“