Во Бугарија разгледуваат донација вакцини за Македонија
Извршниот директор на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов изјави денска за БТВ дека властите во државата разговараат за донирање вакцини за Македонија.
– Таква беше стратегијата на ЕК – да склучува договори со поголем број производители, за да може да се минимизираат ризиците поврзани со производството. Владата преговара со разни земји. Знам за договори со Македонија. Начинот на кој тоа треба да се случи се дискутира и со ЕК. Во оваа фаза се коментира за донација, но се разгледуваат и можностите за препродажба, рече Кирилов.
Во врска со фактот дека до крајот на годината се очекува да пристигнат 14 милиони вакцини во Бугарија Кирилов посочи дека тие активно работат за донации на извесни количини.
Според него, досега, речиси 3,8 милиони дози се веќе доставени во Бугарија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација